Хостирање на Вашата Интернет презентација

Денес, кога интернетот е достапен скоро за секого во Македонија, по многу пониски цени од почетокот, сите корисници бараат информации на интернет, без разлика дали сакат да купат нешто или да дознаат нешто повеќе за некоја компанија.
Поседувањето на интересна веб страница е важен сегмент во интернет презентацијата, за да можат посетителите да се задржат на страната подолго од едно кликање.

Покрај основните информации што треба да ги презентирате на Вашата страна, потребно е да содржи и информации за Вашите производи или услуги што ги нудите. По можност, цените се неодминлив дел на страната, за да можат посетителите да одлучат дали ќе ве повикаат или нема залудно да го трошат сопственото време, но и Вашето.

Во оваа наша понуда ќе се задржиме на закупување на интернет името во кое ќе се содржи името на Вашата компанија.

Денес, трендот во светот се пренесе и во Македонија, односно закупувањето и препродавањето на имиња на интернет е реалност. Се надеваме дека инвестоцијата која е многу мала, ќе Ви се исплати во иднина.

Со оваа наша понуда ќе Ви го презентираме квалитетот и цената по која ќе си дозволите Вашето име да постои во светот на интернет.

С
е работи за светски сервери кои користат напредна технологија за хостирање на сајтови. Квалитетот на серверите подразбира активност од над 99.9%.

Имено, постојат сервери кои од 2002 година не биле во функција само 15мин.

Истотака квалитетот подразбира и бекап сервери кои работат заедно со активните сервери, но во исто време Ви стојат на располагање и резервни сервери кои се спремни веднаш да ги заменат постоечките доколку некој од нив падне. 

Важно е да се напомене дека на нашиот хостинг постои секојдневен бекап на податоците и е достапен 7 дена наназад.

Со тоа ќе се зашитите максимално од упади на хакери, кои доколку се случи да влезат, ќе може да ги вратите податоците веднаш.
На пример, нас ни се случи да ни упаднат хакери, но не заради хостингот, туку поради типот на ваб сајтот.
Во рок од 5 мин, го вративме во живот сајтот со backup од претходниот ден.

Од поважните карактеристики ќе ги напоменеме само :
 -          Linux Сервери-          Неограничен број на емаил адреси-          Контролен панел-          MySQL бази на податоци-          WAP поддршка-          Личен бекап на податоците-          Webmail

-          И многу други опции кои можат да се вида на нашиот сајт во делот на ХОСТИНГ