Што е потребно за да имате сајт ?

За да поседувате сајт, на почеток е потребно да се одлучите за името. Името на сајтот е важно, бидејќи сајтот се препознава по него. Името може да биде од типот :
IME.com.mk; IME.net.mk; IME.org.mk; IME.com; IME.net.

Приметувате дека некои од имињата содржат .mk, некои од нив не.

  • Имињата кои содржат .mk се регистрираат во МАР НЕТ. Во Мрежниот информационен центар на МАРНет (МАРНет МИЦ) е регистриран врвниот домен за Македонија, '.mk'. Во рамките на тој домен, МАРНет МИЦ може да регистрира поддомени на соодветни организации и установи. Во согласност со одлуката на Управниот одбор на МАРНет од 8 мај 1995 година, а врз основа на правата делегирани од страна на IANA, избран е хиерархиски модел на адресирање во рамките на врвниот македонски домен '.mk'.
    Процедурата за регистрација на сајт .mk трае 3-4 работни денови, додека без .mk, сајтот веднаш може да биде активен.
    Пред да ги поднесете документите во МАР НЕТ, ќе биде потребно да обезбедите простор на некој од серверите кои нудат хостинг планови.

  • Доколку се одлучите за сајт кој нема да содржи .mk, регистрацијата на името оди заедно со хостингот за кој ќе се одлучите.

Да резимираме, за да поседувате еден сајт потребни се две работи, име на сајтот и хостинг план. Во смисол на трошок за двете ќе плаќате годишна претплата.

Тоа што ГЛОБАЛ НЕТ може да Ви го понуди е хостирање на Вашите сајтови на квалитетни и брзи сервери, по одлични цени.

Ве покануваме да ги проверите цените за нашите три основни хостинг пакети.